Со поглед во плафон на обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане, 25-годишниот Трајко Бојковски започна денешното судење. Бојковски е oбвинет за убиство на четири жени и обид за убиство на две.

Според известувачот на Радио Бум, Бојковски не сака да комуницира со судот, се држи за глава и испушта чудни звуци.

Откако на прашањето на судијата за потврда на неговиот идентет, не одговорил дадена е пауза.

По паузата, адвокатот на Бојковски во судницата рекол дека неговиот клиент се исплашил од поголемиот број присутни и медиумските камери, по што обвинетот го потврдил својот идентитет.

По зборот на обвинителот Љубомир Лапе кој го образложи обвинението, Трајко Бојковски рече дека не се чувствува виновен за делата за кои се товари.