Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку видео на социјалните мрежи порача дека Македонија заслужува многу повеќе од „како досега”.
Објавувајќи видео од поранешниот министер Оливер Спасовски и безредието со личните документи, Тошковски направи паралела пред и потоа.
Во истото видео тој ги објави и споредбите која е разликата откако тој е прв човек на МВР и како нагло се зголеми издавањето на лични документи откако тој ја презема позицијата прв човек на МВР.