Ова во интервју за Zoom.mk го изјави професорката Фросина Ременски.

-Биометриската документација, односно биометриските податоци на граѓаните, имаат највисоко ниво на заштита во сите земји на ЕУ и во светски рамки. Сега вие имате афера, систем во кој функционирал антисистем, и ние тоа го третираме како дека е џебна кражба и даваме да го работи Скопското јавно обвинителство, оценува Раменски, додавајќи дека тврдењето на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран крининал дека во случајот „Двојник“ не нашле организирана форма на криминал е невиден апсурд сам по себе.

Ременски смета дека истрагата треба веднаш да се врати во Обвинителството за гонење на организиран криминал, а Агенцијата за национална безбедност и Дирекцијата за заштита на лични податоци сериозно да се вклучат и да го третираат скандалот на ниво на заштита на територијален интегритет.

Според неа, истрагата не смее да остане на ниво на административно лоцирање на одговорност на фотографот или контролорот што зимал отисоци на прст, туку треба да се види која е одговорноста на отсекот за персонализација за личните документи.

-Дали е фотографиран Седат Пекер, или е Џадан на сликата. Дали ја имаме во базата на податоци фотографијата на Седат. Дали Седат оставил отисок од прст или е отисокот на Џедан. Тоа се клучните прашања што ги разрешува отсекот за персонализација што се ноаѓа во Секторот за информатика и комуникација во рамките на МВР, еден од најодговорните сектори на оваа постака за давање на биометриска документација, открива професорката Ременски.

Таа потсетува на изјавата на американската амбасадорка Кејт Брнс, која по средбата со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски побарала да се заштити интегритетот на системот за заштита на податоците за граѓаните, којашто на светски рамки е најзаштитена критична инфраструктура.

Одбивањето на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал да го расветли скандалот со криминалната набавка на опрема за АФИС системот за потребите на МВР во 2013 година и аферата со 30 илјади неподигнати лични карти на Македонците од Пустец, придонесувале да се случи и аферата за издавање македонски пасоши за балкански нарко босови, сметаа Ременски.

Во врска со идејата на следните локални избори да се гласа со проверка на отпечатоци на прст, таа вели дека партиите немаат право да го бараат тоа од граѓаните затоа што системот за биометриските податоци е компромитиран.