Министерот Стефан Андоновски при неговото утринско гостување на Радио Лидер вели дека на претстојниот Дигитален самит на Западен Балкан 2025 што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје земјите од Западен Балкан ќе усвојат заедничка изјава со повик кон ЕУ да се забрза процесот „роаминг како дома“ и нула трошоци за интернет за нашите граѓани во ЕУ.
Ќе учествуваат сите шест земји од Западен Балкан плус претставници од ЕУ. Најавена ни е заменик директорката на Digi Connect, директорот на General Connect, едни од клучните лица во ЕУ комисија, ќе имаме видео обраќање од Бундестагот во Германија, високи претставници од Британија, поранешен министер за дигитализација на Полска, претставници од САД, многу спонозори. Ќе гостуваат Visa, MasterCard, Телеком. Ќе имаме повеќе од 800 учесници. Имавме премногу апликации, не беше возможно да ги сместиме сите заинтересирани луѓе, вели Стефан Андоновски.
За следниот самит Андоновски верува дека ќе може да биде во Борис Трајковски.
Ние го правиме настанот да биде прилично отворен кон приватниот сектор. Јас сакав да биде помалку политика, многу повеќе иновации, бизнис сектор, соработка меѓу образованието, бизнис секторот и државата, вели Андоновски..
На технолошката сцена ќе бидат отворени теми за вештачка интелигенција, 5Г и оптичка инфраструктура, дигитални вештини и за пристапот на регионалните компании до единствениот европски дигитален пазар.
Погледнете ја целата емисија.