– Да имам сега 22 години одма би се декларирал како Индус бидејќи сме можеби единствена етничка заедница тука која нема Ромска држава да ги штити нашите индивидуални и колективни права, вели Салиу во гостувањето на Радио Лидер.
Во секој случај, тој потенцира дека Индија е географски далеку има свои проблеми и своја политика, но сепак зборува и за поврзаноста на Ромите со Индија.
Салиу: Да имам 22 години одма би се декларирал како Индус!
Posted by Радио Лидер on Tuesday, March 23, 2021
Тој вели дека јазикот на Ромите е сличен со тој во Индија и додадава за Ромите во Уставот на Република Македонија.
– Јас одма би го отворил прашањето Ромите како Индуси. Единствено Ромите во Република Македонија се влезени во Уставот на државата во преамбулата како Роми, тоа го нема во светот, а е резултат на моето работење, додава Салиу.
Тој зборуваше и за потеклото на Ромите, а повеќе за тоа може да видите на видеото погоре.