Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:
Работите се менуваат на подобро. Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев придонесоа да имаме стабилна, развојна и динамична економија.
Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат историски раст на Бруто домашниот производ од 13,1 отсто во вториот квартал.
Ова значи дека во првото полугодие од оваа година постигнат е раст на БДП од 5,6 проценти.
Според проекциите, годинава се очекува раст од 4,1 отсто за цела 2021 година, со очекувања извозот да забележи раст од 10,6 отсто, бруто-инвестициите раст од 8 проценти.
Истовремено, бележиме историски најниско ниво на стапката на невработеност од 15,9 со тенденција таа дополнително да се намали до крајот на годината.
Дополнително, просечната нето-плата во државата континуирано расте и истата по вработен, во јуни 2021 година, изнесува 28.744 денари.
Сето ова е потврда за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ, потврда дека негативните последици од пандемијата се веќе надминати.
Како одговорна партија продолжуваме да градиме стабилна развојна и динамична економија која носи шанса за сите.