Без никаква причина бев удрен со пендрак по главата од полициски службеник во моментот кога се обидував да спречам турканица помеѓу неколку ракометари, пренесува Канал5.

Очигледно беше дека полицаецот тргна со намера да удира, ако не бев јас тогаш сигурно пендракот ќе завршеше во нечија друга глава. Вака за Канал 5 ракометарот Филип Талески го опиша саботниот инцидент по ракометниот меч Вардар – Пелистер, појаснувајќи дека на него не му претходел никаков конфликт или вербална расправија и дека не го познава полицаецот.

Ракометарот има и медициснки извештај за повредата која му ја нанел полицаецот и вели дека за среќа нема посериозни повреди и дека ударот со кој се здобил бил во лице. По инцидентот Талески бил повикан на распит во полициска станица, а во консултација со адвокат вели дека размислува и да поднесе тужба против полицискиот службеник.

МВР веќе отвори предмет за инцидентот. Оттаму за Канал 5 посочуваат дека случајот сеуште се испитува И дека додека трае внатрешната контрола во Министерството, полицискиот службеник е суспендиран од работа.