Утрово на Радио Лидер направивме емисија со работен наслов „Кој стои зад дојавите за бомби“. Авторите на оваа емисија Љупчо Златев и Ивица Боцевски разговараа за кои проблеми настануваат од овие дојави за бомби.
Ситуацијата е пресериозна. Со ова се опфатени и луѓето кои не се директно засегнати. Нарушен е работниот процес во државата. Родителите си одат порано секојдневно од работа, изгубен е континуитетот во учењето.
Авторот и водител на оваа емисија Ивица Боцевски потсети дека порано, па дури и во „комунизмот“ имало направено протокол од надлежните за справување со вакви ситуации. Заедно со Златев констатираа дека сега, шест месеци по овие секојдневни вознемирувања на народот со дојави за бомби, Министерството за образование како и останатите надлежни институции се уште немаат изработено протокол за справување со дојавите со бомби и згрижување на децата.
Во продолжение може да видите исечок од емисијата утрово на Радио Лидер.