Невремето кое вечерва пристигна и во Србија остава пустош зад себе. Грмотевици и дожд проследени со силен ветар зафатија повеќе градови и села. Во неколку места дошло и до прекин на струјата, а меѓу нив се Ириг, Футог, Бачка Паланка, Жарково и други.
На повеќе места ветрот откорнал и дрва, а според извештаите на Н1 ТВ, при пад на дрво бил уништен автомобил во Нови Сад, како и во Панчево. Во Белград бил откорнат дел од зграда кој паднал на коловозот, но за среќа била избегната несреќа и не бил погодено возило кое во тој момент поминувало на улицата.
Од видеата на социјалните мрежи, кои ги пренесуваат повеќе медиуми, се гледа дека во главниот град во населбата Нов Белград ветрот „соборил“ и кран на градилиште.
Нова.рс. јавува и дека во болница во Војводина бил откорнат дел од кровот.
Претходно во текот на денот, српското МВР испрати предупредување до граѓаните да не излегуваат надвор доколку не е неопходно.
Невремето остави пустош зад себе и во Словенија и Хрватска, каде медиумите јавија дека има најмалку три жртви – една во словенечки Блед, а две во Загреб.
Во продолжение погледнете повеќе видеа од невремето низ Србија:
Samo se nadam da niko nije stradao 😥🙏🏼 https://t.co/vkMXd9aErU pic.twitter.com/7tTDsaTpaS
— Dušan Ristić (@ristic_dusan) July 19, 2023
Počinje oluja na Novom Beogradu. pic.twitter.com/SuqW0LyAPY
— Dobrica Veselinović (@dobrinacelnik) July 19, 2023