Серена Вилијамс се појави на свечен настан во Лос Анџелес во впечатлив фустан со леопардски дезен, висок шлиц и длабоко деколте. Со својот храбар моден избор, некогашната врвна спортистка привлече големо внимание кај присутните гости и фоторепортерите.

Поранешната тенисерка, која по постигнувањето врвни резултати на теренот сè почесто гради статус во светот на стилот, ги насочи сите погледи кон себе. По повлекувањето од професионалниот спорт, Вилијамс е посветена на семејството и децата, но редовно посетува значајни манифестации во модната индустрија каде што се забележува нејзината значително изменета и послаба фигура.

На свечената вечер во Лос Анџелес, Вилијамс облече тесен фустан што ги следи линиите на телото и ја истакнува силуетата. Станува збор за креација потпишана од британската дизајнерка Клио Пепијат, изработена со животински дезен. Облеката се одликува со висок шлиц на бутот и изразено деколте, елементи што го направија нејзиниот изглед еден од најкоментираните на настанот.