Британскиот супермодел Наоми Кембел на 28 ноември 2026 година настапи како диџеј на отворањето на зимската туристичка сезона на Јахорина, Босна и Херцеговина.
За време на нејзиниот диџејски настап накратко снема струја, што предизвика непредвиден прекин на забавата.
Забавната вечер се одржа во рамки на официјалното отворање на скијачката сезона 2026/2027, непосредно по настапот на пејачот Никола Роквиќ.
И додека светски познатата манекенка ги забавуваше присутните гости внатре во објектот, надвор атмосферата ја одржуваа трубачи.
Домаќините на настанот ѝ подарија на Кемпбел традиционална носија од регионот Сараево-Романија, при што таа истакна дека искрено се радува што пушта музика и што има можност да се дружи со публиката.
