Жителите на Австралија, Нов Зеланд и Кирибати ја дочекаа новата 2026 година, пишува „Скај њуз“.

Новата година официјално започна во Австралија со спектакуларен огномет. Пиротехника беше испукана од познатиот мост во пристаништето во Сиднеј и зградата на Операта, додека насобраната толпа ја набљудуваше сцената.

Еден час пред часовникот да отчука полноќ. Сиднеј застана и оддаде едноминутно молчење за жртвите од нападот на плажата Бонди.

Островот Киритимати, дел од пацифичката држава Кирибати, е првото место во светот што ја дочека 2026 година, а потоа Новата година пристигна и во Нов Зеланд.