Спречен меѓународен транспорт – шверц на дрога
Во заедничка акција на полициските и царинските служби, на граничниот премин Богородица запленета е 189 килограми марихуана, сокриена во бали со компресирана, рециклирана хартија.
Изјави од надлежните
- „Овој случај го следевме подолго време, што на крајот резултираше со откривање на криминална мрежа која требаше да делува низ неколку држави“, изјавија претставници од Царината и МВР.
Видео од настанот каде фатен целиот шверц на дрога
- „Двајца возачи, еден од Тетово и еден од Кумановско, на 8 февруари со камион влегле преку Блаце. По детална контрола на Богородица, меѓу рециклирана хартија, беше пронајдена дрогата“, додадоа надлежните.