Стотици возила синоќа истовремено тргнаа од подрачјето на Козјак кон Скопје по набљудувањето на затемнувањето на Сонцето и метеорскиот дожд Персеиди, создавајќи долги колони на патот од Брезница кон главниот град.

Голем број граѓани претходно се упатија кон повисоките и потемни делови околу Козјак, каде што условите за набљудување на небесните појави беа подобри поради отворениот хоризонт и помалото светлосно загадување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 часа 🇲🇰 (@24chasa.mk)

По завршувањето на набљудувањето, голем дел од посетителите тргнаа назад речиси во исто време, поради што на патот кон Скопје се создаде значително забавување на сообраќајот. На повеќе делници возилата се движеа бавно, а колоните се протегаа во должина од повеќе километри.

Дополнителен ризик претставуваа ноќните услови за возење и зголемената фреквенција на сообраќај на пат кој вообичаено нема толкав интензитет.