Невремето предизвика хаос во најголемиот турски град со 15 милиони жители, пренесе АП.
Една жена загина во истанбулската населба Есенјурт, каде силните налети на ветерот ги однеле ќерамидите од покривите, кои паднале врз неа и нејзиното дете. Таа загинала, а детето е повредено.
Дејли Сабах објави дека градежен работник починал кога врз него паднал ѕид, срушен од налетот на ветерот во провинцијата Зонгулдак.
Ветерот урна дрвја, саат-кула и преврте најмалку три камиони во градот, јави локалната телевизија НТВ.
Босфорот беше затворен за пловен сообраќај, а траектите беа откажани.
Најмалку шест авиони на Туркиш ерлајнс се пренасочени кон Анкара и Измир, наместо да слетаат во Истанбул, изјави портпаролот на авиокомпанијата.
Откажани се и фериботите меѓу крајбрежните одморалишта Бодрум и Датча.
VIDEO — A clock tower topples over in Istanbul, as the city is hit by storm and strong winds, killing 2 pic.twitter.com/XAiwjQAbfz
— DAILY SABAH (@DailySabah) November 29, 2021