Утрово на Радио Лидер гостуваше волонтерката Христина Панева која е активна на пунктот за собирање донации за Турција и Сирија на плоштадот во центарот на главниот град. Таа ги потврди и работите кои ги објави Радио Лидер, а тоа дека Град Скпоје сакал да ги забрани донациите на пунктот.

Панева започна дека во саботата напладне инспектор од Град Скопје, по наредба од надредените сакал да го забрани пунктот за донации во Турција и Сирија.

Ни дојде инспекторот од Град Скопје со налог и ултиматум дека плоштадот мора да биде исчистен. Кога го прашавме „Зошто“ тој рече дека плоштадот бел депонија, вели Панева.

Волонтерката вели дека иако објасниле дека собирањето донации е процес на работа, тој им се обратил дека плоштадот бил депонија.

Инспекторот рече дека има барање од Град Скопје, дојден е да ни даде ултиматум до утре сабајле плоштадот да биде исчистен, децидна е Панева.

Панева додаде дека живеела во Турција три години, а затоа многу ја допрела оваа тема, па решила секојдневно да помогне на пунктот и покрај сите обврски.