Голем сообраќаен хаос денеска се создаде на автопатот Е-75 во правец кон Белград, откако кај местото Крњево целосно изгоре камион со цистерна, објави ТВ Стар.
Според првичните информации, пожарот брзо го зафатил товарното возило, а густ црн чад се издигнувал над автопатот, предизвикувајќи паника меѓу возачите.
На терен веднаш биле испратени силни противпожарни екипи, додека полицијата го блокирала сообраќајот на делницата кај Крњево, во близина на Лозовик и Велика Плана.
Возачите пријавуваат долги колони и целосен застој, а надлежните препорачуваат користење на алтернативниот правец преку стариот Цариградски пат.
Засега нема информации за повредени лица, а екипите работат на расчистување на местото и отстранување на изгорениот камион, објави ТВ Стар.
