Огромен чад и непријатна миризба ја обвиваат метрополата

Густ црн чад од утрово се издига над скопската населба Визбегово, откако се запали депонијата лоцирана во овој дел од градот. Запалениот отпад предизвика драматична слика над Скопје, со чад видлив од сите страни – Центар, Карпош, Ѓорче и Бутел.

  • „На терен се испратени четири противпожарни возила, заедно со две возила од ЈП ‘Комунална хигиена’, кои активно работат на гаснење на огнот“, изјави командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески.

Покрај визуелната вознемиреност, граѓаните алармираат за интензивна непријатна миризба, печење во очите и значително загаден воздух. До нашата редакција пристигна видео.

ЦУК: Седум пожари активни низ Македонија

Центарот за управување со кризи потврди дека покрај пожарот во Визбегово, во земјава сѐ уште се активни седум пожари, вклучувајќи ги:

  • Македонски Брод, над фабриката Самоков

  • Дојран, кај селото Николич

  • Чашка, под Солунска Глава – помеѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка

  • Бутел, кај село Љубанци

  • Кавадарци, во близина на село Крушевица

Службите апелираат до граѓаните да се воздржат од активности кои може да предизвикаат нови пожари и да избегнуваат движење на отворено во критичните реони, особено во Скопје, каде аерозагадувањето е видливо и опасно.