Акцијата е спроведена во областа Фоча, Хан Пијесак и Источно Сараево, каде се извршени претреси на 25 локации што ги користеле 26 лица, а се однесува на типување во обложувалници на наводно наместени спортски натпревари.

– Групата е осомничена дека од октомври 2020 година преку социјалните мрежи рекламирале дека имаат информации за наместени спортски натпревари. Со помош на апликации за комуникација, стапиле во контакт со повеќе оштетени лица од Северна Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Австрија, Швајцарија, Германија, Франција и други земји, и лажно презентирајќи ги и прикривајќи ги фактите, ги држеле во заблуда дека поседуваат информации за наместени натпревари и ги наведувале да уплаќаат пари за наводното обложување, соопшти Министерството за внатрешни работи на РС.

Во соопштението се наведува дека осомничените со закани изнудувале и принудувале жртвите да плаќаат и дополнителни пари.

– Со овие кривични дела, осомничените се стекнале со имотна корист во износ од неколку стотици илјади БиХ марки, наведуваат од Министерството за внатрешни работи на РС.

По извршената истрага, уапсените ќе биде предадени на надлежност на Окружното јавно обвинителство во Требиње, додека против сите 26 осомничени ќе биде поднесена пријава за кривичните дела измама, перење пари и изнуда преку социјалните мрежи.