Вечерва на Инстаграм профилот на Никола Николовски – Боемот можевме да видиме како скопјани се однесуваат кон тротинетите и сцена која за првпат може да ја забележиме – тротинет качен врз автомобил.

Според информациите кои ги имаме сцената е во скопската населба Аеродром, а мотивот на лицата кои го поставиле тротинетот врз автомобил се уште непознат. Како што пишува авторот, Тротинетите се пластичен приказ зошто на Европа ѝ припаѓаме само географски.

Во продолжение може да го видите видеото кое предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.