Димитар Апасиев сега е гласноговорник за слобода на уставобранителите, но не секогаш зборувал вака. Баш напротив, со многу жар и енергија тој беше прв гласноговорник против уставобранителите и токму тој ја даде фамозната изјава „ќе висите заедно“ со која ги исмеваше луѓето кои влегоа во парламентот.

Апасиев го нападна Богдан Илиевски со зборовите „Како бе културни луѓе со ножеви и пиштоли“, „човек ќе убиевте, пратеник ќе убиевте“… Повеќе за тоа како зборуваше Апасиев видете во продолжение:

Апасиев не застана тука кон Илиевски, туку велеше дека ќе виси и до 5 години во затвор. Како тогашен политичар кој беше близок до СЈО и жесток противник на движењето „За заедничка Македонија“ тој рече дека Илиевски треба да лежи во затвор заради „велепредавство и обид за насилно соборување на легитимни државни органи“. Повеќе може да погледнете од видеото во продолжение: