Од организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите денеска излегоа на протест пред Министерството за образование и наука со првично барање за скратување на испитниот материјал. Нудат и алтернативен предлог укинување на еден интерен испит.

Овојпат во нивната борба за поголеми права се придружија и од студентскиот отпор, кои не беа дел од претходните протестите на средношколците. Студентите освен поддршка побараа и зголемување на студентскиот оброк на 160 денари дневно и негова редовна исплата заедно со стипендии. Исто така потсетија дека ветеното реновирање на студентските домови не е ни започнато.

По протестот тие беа примени во кабинетот на министерот Шакири, но тој не беше таму па накратко ги сослуша онлајн. Не добија конкретно решение за нивните барања, туку само ветување за нова средба.

Додека едните протестираат, Сојузот на средношколци одржуваше вонредно генерално собрание кое заврши со четири барања:

Екстерните предмети да носат помалку, а интерните предмети повеќе поени.
Универзитетите да го сметаат мајчиниот јазик за прв екстерен предмет.
Екстерен испит да се полага неколку дена подоцна
Наставниците да ги споделат банките со прашања најдоцна четири недели пред денот на испитот.
Ова е втор протест во рок од една недела, средношколците беа пред МОН и во понеделникот , но без резултат.