Облакодерот „СЕГ плаза“, висок речиси триста метри, необјасниво почна да се ниша околу 13 часот по локално време, а евакуацијата на луѓето што беа во него беше веднаш организирана, додека минувачите на околните улици гледаа со неверување и уплашено.
Зградата е затворена во 14.40 часот, објавија локалните медиуми.
Зградата е завршена во 2000 година во срцето на еден од кинеските градови со најбрз раст. Во кулата се наоѓа еден од главните пазари за електроника и разни канцеларии.
Агенцијата за управување со вонредни состојби истражува зошто се нишаше облакодерот во областа Футијан во Шенжен, се наведува во соопштението на платформата „Веибо“.
-По проверката и анализата на податоците од повеќето станици за набљудување земјотреси во градот, беше заклучено дека денес немало земјотреси во Шенжен, се вели во соопштението.
Причината за новонастанатата состојба со облакодерот ја проверуваат разни институции.
Во моментот не е познато што ќе стори владата во овој случај, пишуваат медиумите.
Видеа на минувачи објавени од локалните медиуми покажуваат како облакодерот се ниша, додека стотици преплашени минувачи бегаат.
Breaking news.This afternoon,Shenzhen SEG Building was shaken, people were evacuated urgently. .This building has 79 floors..😱😱😱 pic.twitter.com/fXdSaoFKuq
— Sharing travel (@lsjngs) May 18, 2021
-СЕГ е целосно евакуиран, напиша еден од минувачите во описот на видеото.
Според Советот за анализа на високите згради, ова е 18-та највисока кула во Шенжен. Минатата година кинеските власти забранија изградба на облакодери повисоки од 500 метри. Уривањето на зградите не е невообичаено во Кина, каде што градежните стандарди се слаби, а поради урбанизацијата, изградбата се одвива набрзина, пишуваат медиумите.