Индиските власти наредиле истрага откако товарен воз прошол повеќе од 70 километри без машиновозач.
Видеата на интернет-просторот прикажуваат како возот со голема брзина минува покрај неколку станици, jaви Би-би-си.
Машината е запрена со помош на поставени дрвени блокови на шините и никој не е повреден, соопштија Индиските железници.
Возот со 53 вагони, според надлежните лица, почнал да се движи надолу по железничката пруга откако машиновозачот и неговиот помошник се симнале од него. Се движел со брзина од речиси 100 километри на час.