Наместо да одат во луксузен хотел, Корејците одат во затвор кога се под стрес за да се релаксираат и смират.
Така се нарекува главната просторија на хотелот „Inside Me“, кој се наоѓа во Хонгчеон, Јужна Кореја, кој изгледа како казнено-поправен дом.
Луѓето плаќаат по околу 80 евра дневно за да бидат лишени од слобода и затворени во затворска ќелија без никакви потреби.
Корејците може да останат во затворот 24 или 48 часа во мала ќелија од 5 квадратни метри, која е толку мала што нема место ни за кревет.
„Затворениците“ спијат на подот, а единствената погодност во која можете да уживаат е непречен пристап до тоалет.
Најчести гости на затворот „Inside me“ се студенти и работници од различни компании кои секојдневно се изложени на високи нивоа на стрес со кои инаку тешко се справуваат.
Во лажниот затвор тие се ослободуваат од стресот и наоѓаат привремена утеха во тишина и изолација.
Лажниот казнено-поправен дом го отворил адвокатот Квон Јонг-сук од компанијата „Happiness Factory“ во Јужна Кореја уште во 2013 година, а досега низ него поминале неколку илјади доброволни затвореници, пренесуваат медиумите.
Затворениците во овој казнено поправен дом имаат двса оброка на ден и тоа обично некаква каша на база на овесна каша и ориз, а единствена занимација има е гледање низ малиот прозорец во собата.
Во ќелијата не смее да се внесе мобилен телефон, компјутер или кој било друг електронски уред.