Со изведување на националната химна од хор движењето „ЗНАМ“ предводено од Максим Димитриевски одржа предизборна конвенција.
„Да бидеме свои на своето“
Конвенцијата на Движењето ЗНАМ опфати говори на носителите на листи за парламентарните избори во сите шест изборни единици. Со говор со патриотски елементи Димитриевски во ист кош ги стави СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и рече дека е време да си заминат од политичката сцена.
„Ние сме Македонци, време е да бидеме свои на своето. Да направиме реални промени во нашата Македонија. Движењето ЗНАМ е субјект кој носи суштинска промена во нашата држава. Оние што 30 години се менуваат, време е да си заминат. Со секоја нивна смена е се полошо и полошо. Време е за нови лица во политиката. Еве ги зад мене, ова се луѓето, рече Максим Димитриевски, лидеерот на движењето ЗНАМ и кандидат за претседател на Македонија.
На оваа конвенција беа официјализирани имињата на носителите на листи. Звучни се имињата на генералот Павле Арсовски, или пак петката Весна Бендевска.
Познати се имињата
Носител во првата Изброна единица ќе биде Бобан Карапејовски, професор на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
Носител на листата во Изборна единица 2 ќе биде Даниел Стојчевски, м-р по кривично право, директор на ЈП Чистота и зеленило во Куманово.
Носител на листата во Изборната единица 3 ќе биде Павле Арсовски, генерал-мајор во пензија, доктор по историски науки.
Носител на листата во Изборна единица 4 ќе биде економистот Миле Цеков, претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија
Носител на листата во Изборна единица 5 ќе биде поранешна претседателка и член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Весна Бендевска.
Во Изборната единица 6 носител ќе биде Небојша Захариевски, кој е магистер по правни науки.