Катерина Костова е назначена за в. д. директорка на Зоолошката градина во Скопје.
Ова синоќа во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 го соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Како што вели, Костова е од редот на вработените во Зоолошката и има сериозен капацитет.
„Сериозно ги сака животните, сака нешто да направи за ЗОО Скопје, и тоа ме фасцинира. Нека и е со среќа“, порача Ѓорѓиевски.
