Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков денеска во Гостивар присуствуваше на Конференција на тема „Зајакнување на заедницата преку еко- туризмот и природните ресурси“.
Во своето обраќање на Панел дискусија: „Јакнење на локалните претприемачи: Придонесот на општините и европските фондови во развојот на еко-уризмот“, заменик министерката истакна дека во Македонија може многу да се зборува на тема еко туризам, ама и многу повеќе треба да се направи во насока на подигнување на свеста на сите чинители во општеството за развој на оваа гранка, како дел од туризмот, со цел збогатување на туристичката понуда и зголемување на бројот на туристите.
Македонија изобилува со локации кои го одземаат здивот и кои можат да бидат магнет за странските туристи, а нашата цел е да помогнеме во промоцијата на истите, истакна таа.
„Ниту еден странски турист не може да делее на тавче гравче, пинџур, ајвар, домашно сирење, пита, ракија, вино. Овие и сите останати адути треба маскимално да ги искористиме за промоција, со цел да ја ставиме Македонија на туристичката мапа за сите оние кои бараат нешто поразлично од традиционалниот туризам. Токму еко туризмот или туризам во еколошки заштитени предели со минимално загадување на природата се наметнува како посебен облик на туристичка понуда во Македонија“, истакна Трајков пред учесниците на Конференцијата одржана денеска во Гостивар.
-Природното опкружување е сѐ уште сочувано, бројните национални паркови, планините, езерата, реките, шумите, пештерите, кањоните – сето тоа се места кои можат да се развијат во туристички активности, истакна таа и додаде дека развојот на еко туризмот и промовирањето на природните ресурси ќе придонесат до силен развој на локалната економија. За таа цел треба да се промовира претпримништвото преку разните мерки кои се нудат, потенцира Трајков.
“Овде секако ќе ја споменам и поддршката од ИПА инструментот за претпристапна помош на Европската комисија, преку компонентата 5 шт се однесува за руралниот развој. Компонентата за рурален развој (ИПАРД) придонесува за одржливо приспособување на земјоделскиот сектор и на руралните предели, како и за подготвувањето на земјите-кандидати за спроведување на законодавството на Европската унија во врска со Заедничката земјоделска политика. Во контекст на ова, на почетокот на овој месец, Платежна агенција го најави новиот повик за популарната Мерка 7 од ИПАРД III програмата, најпозната по инвестициите во развој на руралниот туризам. Подготвителниот период за апликации е веќе во тек, а јавиот повик за Мерката 7 се очекува да биде објавен наскоро, истакна Трајков.
Клучна цел на приоритетниот сектор „Рурален туризам“ е поддршка на развојот на руралниот туризам преку инвестиции во создавање и модернизација на сместувачки капацитети и угостителски објекти, креирање на рановидни рекреативни услуги во руралните средини.
Затоа ги охрабрувам порача Трајков, сите оние кои имаат визија и идеја да се охрабрат преку претприемништвото во еко туризмот и агротуризмот да придонесат за себе, за своето семејство, за локалната заедница и економија.