Новак со славјето на Вимблдон ги стигна Шпанецот и Швајцарецот, а до крајот на годинава може и да ги помине ако се избори за триумф на „Ју-Ес Опен“. Виландер верува дека Ноле уште долго да доминира, односно Рафа и Рожер едноставно нема да можат да го испратат до крај најдобриот ас на АТП листата.

-Кога ќе ги погледнете Федерер или Надал, ќе кажете „Добро, зошто не можат да траат уште година-две на тоа ниво? ‘ Потоа го гледате Новак и размислувате … „Ова момче може да издржи уште 10 години“, -вели Виландер.

Матс кој го искоментира и финалето на Вимблдон, рече:

-Новак е попаметен играч од порано. Кога Агаси започна да работи со него во 2017 година, тој призна дека е многу изненаден од фигурата на Ѓоковиќ и колку е посветен на секој натпревар и тренинг

Швеѓанецот заврши:

-Во тоа финале, тој можеше да победи со 6:3, 6:3, 6:3. Како можете да бидете толку доминантни на тревата и да ги немате сервисите на Пит Сампрас или Рожер Федерер? Мислам дека не стана подобар само во една работа, играта на мрежа. Неговата одбрана е неверојатна, тој точно знае каде треба да застане и како да се движи