Од Владата велат дека европската ориентација се покажува преку конкретни чекори
Владата порача дека Македонија останува посветена на европскиот пат и оцени дека нема потреба од иницијативи што, како што наведуваат, би значеле дополнително трошење време и пари на граѓаните.
Во соопштение од владината прес-служба се наведува дека европската ориентација на актуелната власт се потврдува преку конкретни активности и резултати.
„Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело. Впрочем, укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада“, соопштија од Владата.
Владата го спомена и референдумот од 2019 година
Во реакцијата се осврнуваат и на ставовите на СДСМ поврзани со можен референдум, при што оценуваат дека граѓаните веќе имале можност да видат како изгледа таков процес без, како што велат, гаранции за европската иднина на државата.
„А како изгледа кога СДС се залага за референдум без гаранции за европската иднина, граѓаните можеа да видат низ пластичен пример од последниот референдум организиран 2019-та година. Тие и денес продолжуваат да бидат меко ткиво на македонскиот идентитет“, наведуваат од Владата.
