Владата одлучи да го укине ограничувањето за движење на граѓаните. Почнувајќи од полноќ повеќе нема да има полициски час. Забраната за 100 гости на свадби исто така е укината и дозволени се концерти и забави.
Одлуката следи по препораката на Комисијата за инфективни болести, која оцени дека епидемиолошката состојба во земјата се стабилизира со намалување на бројот на позитивни случаи на Covid19 и зголемување на бројот на вакцинирани.