Сè уште нема формална одлука на грчката Влада за отворање на границите, затоа е направен тој застој на македонско- грчката граница, одговори министерот за надворешни работи Бујар Османи на новинарско прашање денеска зошто македонските граѓани кои чекаат на граничниот премин нема на можат за ја поминат границата без формална одлука на Владата во Грција, иако беше најавено и од грчка и од македонската страна дека граничниот премин денеска ќе биде отворен.
-Ние сме во очекување да се формализира намерата на Грција за отворање на границите и да можат да минуваат граѓаните, вели Османи.
Тој ги повика граѓаните да се информираат преку официјалните соопштенија.