Владата ја објави листата со производи кои ќе се најдат во декемвриската кошничка која ќе се применува во периодот од 15ти декември до 15ти јануари. На неа меѓу другите како што и се очекуваше ставени се месо, месни и млечни производи кои според анализите се и најбарани во празничниот период, пренесува Телма.
Со новата кожничка нема да се замрзнува маржата како што бечше случајот со претходната ваква мерка туку овој пат ќе се бара попуст на производите од страна на маркетите од 10 проценти па и повеќе. Министерот Дурмиши пак вели дека на терен Државниот пазарен инспекторат ќе следи дали се спроведува мерката и ќе се прават напори за да се спречат евентуални злоупотреби од страна на трговците.