Кризната состојба за шумските пожари е продолжена, ресурсите остануваат мобилизирани, забраната за влез во шуми важи до 31 август

Владата на Република Македонија, на својата 100-та седница, донела одлука за продолжување на кризната состојба за шумските пожари за нов временски период од 30 дена.

Според соопштението од владината прес-служба, продолжувањето на оваа мерка ќе обезбеди континуирана и навремена помош за сите засегнати подрачја. Притоа, сите расположливи ресурси, вклучително и човечкиот капацитет, техничките средства, како и логистичката поддршка, остануваат целосно мобилизирани. Целта е ефикасно справување со шумските пожари и заштита на населението од опасноста од огнените стихии.

Имено, поради зголемениот ризик од шумски пожари на територијата на целата држава, упатуваме апел до сите граѓани да бидат особено внимателни. Посебно нагласуваме дека е на сила целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, информира Владата.

Забраната е донесена на 1 јули 2025 година и ќе остане во сила до 31 август 2025 година. Според соопштението, секој што нема да се придржува кон оваа одлука – која е донесена со цел да се спречат пожари – ќе биде санкциониран.

– Сите прекршители ќе се соочат со парични казни во висина од 1.500 до 2.000 евра, се наведува во владиното соопштение.