Силите лојални на поранешните власти го окупираа главниот град Мекеле во регионот (ТПЛФ).

– Едностран и безусловен прекин на огнот е прогласен денеска до крајот на земјоделската сезона, се вели во соопштението.

Владата додаде дека е воведен прекин на огнот за да можат земјоделците да работат мирно и да се дистрибуира хуманитарна помош.

Во неколкумесечните судири меѓу силите на централната влада на Етиопија и дисидентските власти во Тиграј загинаа неколку илјади луѓе.