Вечерва емисијата Клик Плус на Телевизија 21 запре со емитување на програмата на сите оператори и на лајф стримот на Фејсбук додека во телевизијата гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
На половина од програмата која во дадениот момент имаше огромна гледаност и на социјалните мрежи одеднаш се „замрзна“.
Програмата прекина откако Николоски зборуваше дека Македонија влегува во рецесија и дека поскапувњата ќе ја зголемат инфлацијата на 3% годинава, но и откри зошто Македонија и годинава нема да добие датум за преговори со Европската Унија.
Според сознанија на порталот Лидер, интервјуто е намерно прекинато откако од владејачката партија СДСМ се јавувале во кабелсите оператори програмата да се прекине.
Телевизија 21 подоцна интевјуто со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ го емитуваше од почеток и во целост.