Четириесетгодишен скопјанец влегол со сила во семејна куќа на подрачјето на Центар и физички нападнал едно лице, по што се обидел да скокне од прозорец.
Од МВР информираат дека случајот бил пријавен ноќеска во 01:40 часот во СВР Скопје. Според пријавата, Љ.Т. (40) од Скопје влегол во домот на Б.Ј. (37) и В.И., двајцата од Скопје, и физички го нападнал Б.Ј.
Откако пристигнал неговиот брат В.И., лицето се обидело да скокне од прозорец, но било спречено.
Љ.Т. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување и документирање на случајот.
