Седат Пекер, алијас Џадин Ахмедоски имал лична карта со украден идентитет. Воедно видовме дека Џадин Ахмедовски имал и втор матичен број на име Џеладин Ахмедовски. Значи Седат Пекер ги обединува аферите Мафија 1 и Мафија 2.
Ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Зошто Седат Пекер го бара Турција, а Спасовски не? Дали е точно дека турскиот мафијаш Седат Пекер имал средби со официјални лица во Владата на Заев? Зоран Заев да каже со кои луѓе во зградата на Владата имал средби, на кои теми разговарале и како се случи по наводното негово протерување од земјава тој во полициска станица да се слика за лична карта?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата прашуваат и какви бизниси договарал Заев во Владата и дали во тоа е вклучен неговиот брат Вице?