ВМРО-ДПМНЕ бара одговори за Филип Андов Сокол

Венко Филипче и СДС неколку молчат и не се оградуваат од криминалецот Филип Андов Сокол кој ги расшетуваше затворениците со државни ресурси. Филипче да соопшти на јавноста зошто молчи и не го разрешува членот на ЦО и советник на Заев криминалецот Сокол. Со што толку ги задолжил криминалецот Сокол, СДС и Филипче што не се оградуваат од него, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Народот гледа какви криминалци од СДС ја воделе државата

– Дали Филипче и СДС го поддржуваат Сокол и штитат криминалци? Од што се плаши Филипче па молчи? Народот гледа какви криминалци од СДС ја воделе државата, истите тие заради лукративни причини го осиромашиле народот и ја опустошиле државната каса. Нема повеќе недопирливи функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ. Правда и одговорност мора да има, борбата против криминалот и корупцијата продолжува, велат од партијата.

Претходно, Радио Лидер прв објави дека е уапсен ексдиректорор на затворот познат како Сокол.

Уапсен Филип Андов Сокол, дознава Радио Лидер

Извор: А1он