Од партијата посочуваат дека во изминатава година имало недостатоци на инсулин и клексан, недостасуваат многу неопходни работи, но директорите на Заев во ФЗО сепак трошат на лимузини.

-Двата директори на Заев во ФЗО немаат проблем со тоа што народот собира пари за операции во странство преку СМС, и наместо за помош, парите ги трошат на комоција. Директорите на ФЗО се однесуваат како и самиот Заев кој во ек на криза кога заговара и зголемување на даноците зема 45 нови автомобили за министрите и директорите. СДСМ се одлепени од реалноста. А додека тие уживаат во луксузот кој си го купуваат со народни пари ќе ни умираат луѓе по планини затоа што нема да има возило кое ќе им се прати, стои во партиското соопштение.