-Народот секоја година плаќа поскапо од тоа што плаќал претходната година. Само споредбено 2021 година со 2020 година имаме раст на цените на основните намирници и до 40%. Неспособноста на Заев и лошото водење на политиките на економско поле допринесе до раст на цената на 1 литар зејтин во малопродажба од околу 67 денари на 95 денари, тоа е зголемување за над 40%. Покачување со Заев имаме и на цената млекото, имено 1 литар млеко во малопродажба кој во 2020 година се продавало по 45 денари сега се продава за околу 52 денари, се наведува во соопштението на партијата.
Оттаму посочуваат дека со Заев скокна и цената на брашното, 1 килограм брашно во 2020 година се продавал за 34 денари, сега се продава за околу 39 денари.
-Сите продукти, и зејтинот и млекото и брашното се продукти кои се составен дел или суровина за поголем дел од прехранбената индустрија, растот на овие продукти е раст и на цените во цела гранка. Со СДСМ се е поскапо. Народот живее по сиромашно. Време е да си заминат. Време е за Македонија за сите луѓе, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.