Економските мерки на ВМРО-ДПМНЕ ја позиционираа Македонија шеста во светот по странски инвестиции по однос на БДП, според Greenfield FDI Performance Index 2025
„Економските мерки и политики преземени од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, даваат резултати. Тие ја позиционираа Македонија шеста во светот по привлечени странски инвестиции во однос на БДП“, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Ова се потврдува во извештајот на „ФДИ интелиџенс“, специјален истражувачки оддел на „Фајненшл Тајмс“, кој рангира 105 земји. Македонија е шеста во светот по привлечени странски директни инвестиции, со помалку од два милиона жители и номинален БДП од околу 16 милијарди долари, надминувајќи го својот потенцијал.
Во извештајот се потенцира дека во 2024 година беа реализирани нови големи инвестиции во енергетскиот сектор, кои дополнително го продлабочуваат инвестицискиот потенцијал на земјата.
„Ова претставува уште една потврда на Владата за овозможување услови, стабилност и предвидливост со цел Македонија да стане најпосакувана дестинација за директните странски вложувања. Друг податок кој ги потврдува исправните и добро планирани економски мерки и политики на Владата е историското највисоко ниво на странски инвестиции од осамостојувањето, кое го имаше минатата година. 2024 година Македонија ја заврши со рекордни над една милијарда и 250 милиони евра директни странски инвестиции“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе продолжи да работи за секој граѓанин, развива економијата и привлекува инвестиции со цел Македонија да стане лидер во странските инвестиции по глава на жител.