– За една година чешмите кои ги набавува фараонот Шилегов станале поскапи за 350 евра, или колку една плата на граѓаните. Фараонот Шилегов во 2021 година купил 19 чешми кои се за околу 350 евра поскапи од чешмите кои биле купени во 2019 година. Фараонот Шилегов само за една година за набавка на чешми платил околу 6.650 евра повеќе, посочуваат од партијата.
Оттаму велат дека разликата помеѓу цената која Шилегов ја платил за една чешма се пари кои можеле да се искористат за голем број на капитални проекти или купување на неопходни работи за градот.
– Наместо целосходно да ги потроши овие 6.650 евра фараонот Шилегов реши да ги плати за поскапи чешми. 4 години фараонот Шилегов, 4 години расипничко работење, 4 години украден живот. Доста е!, порачуваат од најголемат опозициска партија.