Опозициската СДСМ отвора небитни теми за владини набавки за да ја прикрие својата дезориентираност и политичка немоќ, реагира ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи дека фокусот треба да биде на бизнис-зделките на Зоран Заев и Венко Филипче.
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бега од одговори за лидерите
„СДСМ се однесува нервозно затоа што на сите им е јасно дека Венко Филипче е чуварот на фотелјата на Заев. Додека СДСМ дома губи контрола, нивниот лидер Заев е на богата печалба во Дубаи каде што гради згради.
Од друга страна, од СДСМ владее молк за прашањето дали Заев е сопственик на авиокомпанија во Индија и каква е поврзаноста на Филипче со оваа зделка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Клучни прашања што СДСМ мора да ги одговори
- Како Заев со административна плата стигна до градежни бизниси во Дубаи и авиокомпанија во Индија?
- Колку украдоа двоецот Заев – Филипче од македонските граѓани за да можат да инвестираат во интернационални бизниси?
Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека јавноста очекува одговори, а не „празни обиди на СДСМ да ја дефокусира јавноста со измислени теми“.
Извор: Plusinfo