-Во исто време неговите колеги од владата се шетаат низ светот на монденски дестинации и трошат од парите на граѓаните на Република Македонија. Очигледно е дека според Филипче, министерот за корупција Љупчо Путер Николовски нема многу ангажмани во моментот и наместо да истражува профитерство во набавката на вакцини, добро е да се луксузира во Дубаи и да мачка путер на очите на граѓаните. Според Филипче очигледно и Драги Рашковски кој со народни пари купил софтвер кој самиот го направил исто така нема многу ангажман, освен веројатно да ги троши парите од граѓаните во луксузни хотели во Мексико, се наведува во партиската реакција.
Во меѓувреме, додаваат, црните ковид статистики, фактите дека немаме набавено вакцини и дека сме последни во светот според справувањето со ковид пандемијата се јасен показател дека и Филипче нема многу ангажман па му препорачуваат да земе траен одмор од местото министер и да се подготви не за одмор, туку за одговорност.
-Патем, Филипче ја лажеше јавноста кога кажа дека ризик постои само за патници од Африканскиот континент. Еве извештај од американска агенција со препораки да не се патува во Мексико бидејќи е високоризична земја во ковид пандемијата, наведува ВМРО-ДПМНЕ.