-Или наместо граѓаните да слушаат за вакцинирање, тие добија само потврда дека Филипче и Заев им спремале пљачка. Објавениот документ – трансакција е доказ дека кинеските вакцини ќе не чинеле двојно поскапо. Ова е само потврда за целата афера околу обидот на македонската Влада да набави кинески вакцини преку фирмата посредник „Старби”. На сите им е јасно дека во објавениот документ стои дека Владата во месец февруари на фирмата со седиште во Хонгконг уплатила 7.8 милиони долари, со тоа излегува дека една вакцина од кинески „Синофарм“ би не чинела 65 долари. Филипче тогаш се правдаше, ама едно е јасно дека доказ за уплата има, ама нема за поврат на парите, се наведува во соопштението на партијата.
Филипче, а и неговиот шеф Заев треба да одговорат дали парите се вратени бидејќи мултимилионската сума била исплатена.