Спорот со Бугарија не е безбедносно прашање, ниту спор кој има безбедносен карактер. Обидот на Груби и на власта да градат на таа теза преговори е поразително за државата.
Македонија е земја членка на НАТО, и со тоа сите безбедносни прашања се затворени. Во рамки на границите на државата има министерство за внатрешни работи кое ја чува безбедноста.
Власта да не наоѓа изговори за нови отстапки и понижувања.
Јасни се македонските позиции кои ги гарантира Декларацијата која што ја предложи ВМРО-ДПМНЕ, а е поддржана од сите партии во парламентот и ништо надвор од неа не смее да биде сторено.
Очекуваме Бугарија во духот на европските вредности и добрососедските политики да не ја попречува Македонија кон ЕУ. Напредокот на државата го заслужуваат граѓаните, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ