Но, за ова одговорност се уште нема иако изминува и вториот месец, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие истакнуваат дека не се знае зошто прокисунува и модуларната во Скопје во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза, ниту се најавува дека ќе се расчисти, односно истражи.

– Местата на кои пациентите бараа или бараат спас станаа хорор. Бројката на починати од корона е речиси седум илјади. Но, министерот за здравство Венко Филипче наместо да се го работи тоа за што е платен од граѓаните си тераше или се уште тера кампања. На Филипче за граѓаните, за случувањата во здравството воопшто не му е гајле, мува не го лази. Ова однесување ќе биде казнето, посочуваат од партијата.