Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека „враќањето на поднесената интерпелација, повикувајќи се на член 136 од Деловникот на Собранието на Република Македонија и позитивното право е неосновано и спротивно на Деловникот на Собранието на Република Македонија“.
-Укажуваме дека интерпелацијата и нејзината форма се единствени и врз неа не се применуваат одредби кои се однесуваат на предлог – закони како што е наведено во член 136 од Деловникот на Собранието. Впрочем, членот 136 се однесува на поднесување на предлог на закони, а Интерпелацијата и нејзината форма не е предлог на закон, стои во дописот до Џафери.