Во соопштението партијата наведува дека бранот на победи за промени тргна и тој ќе биде уште посилен во вториот круг од изборите, во недела на 31 октомври.

-Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ имаат проекти како да ги решат секојдневните проблеми на граѓаните. Никогаш повеќе канализација и водовод да не бидат тема на избори. Во недела конечно да го зададеме финалниот удар на власта за криминалот, корупцијата и рекетот кој го практикуваат, и заради што земјата е на врвот на листите на корупција во светот. Народот има желба за подобро утро. Надежта е родена и ние се обврзуваме да работиме чесно за народот и државата, за нови инвестиции, решавање на инфраструктурните проблеми, чисти општини, здрава животна средина, за промените кои ги посакуваме потребна е уште една масовна излезност и поддршка кандидатите со бројот 7 за општините и 82 за градот Скопје, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поддршка и за кандидатите кои се против власта, а каде ВМРО-ДПМНЕ нема свои кандидати.